Џет-Сет
13. April 2016 - 12:15

Латиноамериканска пејачка дива обработи песна на Северина

Песната „Уно Моменто“ кој хрватската пејачка Северина ја изведе со српската женска група „Министерки“, доби и своја латиноамериканска верзија во изведба на големата мексиканска ѕвезда Талија.

Талија на балканската публика и е позната од голем број латиноамерикански теленовели, каде редовно играше главни улоги.

Но, покрај како актерка, во Латинска Америка, Талија е популарна и како пејачка ѕвезда.

Белградски „Блиц“ тврди дека Талија наводно од авторот на песната на Северина и „Министерки“ побарала дозвола да го обработи големиот хит, а тој и дозволил.