Македонија
30. March 2016 - 17:10

Латас: Побаравме СЈО да отвори постапка за разговорите објавени на Јутјуб

Ивона Талеска и јас поднесовме барање за отвoрање кривична постапка за објавени разговори на Jутјуб од анонимно лице потпишано како Никола Тесла, а самото поседување и објавување е кривично дело. Баравме од Специјалното јавно обвинителство да постапи според законот и да ги гони тие лица. Истрагата е отворена. Ќе видиме што ќе направат тие понатаму, изјави главниот уредник на Сител, Драган Павловиќ-Латас, денеска по тричасовниот разговор со истражителите во СЈО.

– Верувам дека ќе направат тоа што треба. Таму има свесно објавување на приватни детали кои се монтирани, за да добијат сексуална или некава друга содржина, бидејќи оригиналот на разговорите не содејствува со содржината која е објавена. Според наши проценки, објавена е од лица кои имаат свои портали, лица кои порано биле функционери на СДСМ. Имаме и свое мислење, но и директни и индиректни докази за тоа. Ние немаме сатисфакција од сето ова, туку сатисфакција треба да има следниот кој би можел да биде објавен, бидејќи според нашите податоци, кои во неформален разговор ги кажал, постои разговор кој треба да компромитира судијка од СЈО, доколку СЈО не постапи така како што овие рекетари очекуваат – нагласи Павловиќ.