Балкан
5. February 2021 - 10:38

Лајчак поднесе извештај и најави планови за дијалогот меѓу Белград и Приштина

Претставникот на ЕУ за дијалог меѓу Србија и Косово Мирослав Лајчак изјави дека ќе претстави планови за дијалог меѓу двете страни пред претставниците на ЕУ во следните недели и посочи дека има силна поддршка од сите земји-членки на ЕУ.

Тој објави на Твитер, дека вчера доставил извештај до амбасадорите на Комитетот за политика и безбедност (ПСК) и до делегатите на Работната група за Западен Балкан (COWEB) за неговата работа во претходната година.

„Поднесов извештај до амбасадорите (ПСЦ) и делегатите (COWEB) за мојата прва година на функцијата и ги објаснив плановите за следните недели и месеци. Јас сум многу охрабрен од силната поддршка од овие земји-членки на ЕУ”, напиша Лајчак.