Лајчак: Европскиот интерес мора да надвладее над личната и политичка агенда во Македонија
По Европската комисија, на прогласувањето неуспешен крај на преговорите за надминување на политичката криза во Република Македонија од страна на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, претпладнево реагираше и министерот за надворешни работи на Словачка, Мирослав Лајчак.
Лајчак, кој е дел од Советот за надворешни и општи работи на Европската унија каде се носат клучните одлуки и препораки во однос на проширувањето и земјите во тој процес, на својот официјален профил на социјалната мрежа „Твитер”, му порача на Заев, како и на останатите политички лидери во Македонија дека европскиот интерес треба да надвладее над личната и политичка агенда.
- За да се надмине длабоката криза во Македонија потребен е функционален компромис од страна на сите. Европскиот интерес мора да надвладее над личната или политичка агенда, порача Лајчак.
Ново на Сител
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците
-
Три млади лица загинаа во тешка сообраќајка во Кичево