ЛАГ „АБЕР 2015“ доби два проекти од МЗШВ и Агенција за финансика поддршка на земјоделство и рурален развој
Локалната акциска група „АБЕР 2015“ Старо Нагоричане наредниот период ќе спроведе два проекти со поддршка на Министерството за земјоделство, водостопанство и шумарство и Агенцијата за финансика поддршка на земјоделството и руралниот развој, информираа денеска надлежните од ЛАГ „АБЕР 2015“.
Оттаму, информираат дека вчера во просториите на министерството надлежните од локалната акциска група го склучиле договорот за двата проекти во вредност од 10.000 евра во присуство на министерот Трајан Димковски и директорот на Агенцијата за финансиска подршка на земјоделството и руралниот развој Николче Бабовски.
Првиот проект, соопшти претседателот на ЛАГ АБЕР 2015, Дејан Ѓорѓиевски се однесува на подобрување и заштита на туристичката инфраструктура на Кокино, односно предвидува оградување на дел од локалитетот и уредување на место за одмор (видиковец) за туристите, во непосредна близина на Кокино.
– Оградувањето на Кокино досега претставуваше огромен проблем за успешно менаџирање со туристичките посети на локалитетот, како и потреба за поголема заштита на самото место, а за што е константно апелирано од страна на НУ Музеј Куманово до надлежните институции во последните петнаесет години. За овој проблем алармираше и Комисијата на УНЕСКО при разгледувањето на апликацијата за Кокино, додека пак туристите ја наведуваа лошата инфраструктура и непостоењето на места за одмор како главна негативна страна на местото, изјави Дејан Ѓорѓиевски претседател на ЛАГ АБЕР 2015.
Вториот проект се однесува на набавка на современа механизација – атомизер, ѓубрерастурач и дизел генератор, која што ќе ја користат членовите на локалната акциска група- земјоделци, по претходно спроведена обука.
Ново на Сител
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите
-
Во високообразовните установи работат 4 656 наставници и соработници
-
Светски ден на црниот дроб: Чувајте го, неговата улога е витална
-
Кривична пријава против двајца скопјани за кражба на сеф од маркет
-
Флекс Кредит доби награда за најдобрa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’
-
Флекс Кредит доби награда за најдобарa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’.