Loading Video...
Фудбал
5. January 2020 - 15:58

Лацио со гол во 91-минута ја победи Бреша

 
Со гол постигнат во 91-та минута екипата на Лацио забележа победа на гостувањето кај Бреша со 2-1 во меч од 17 коло на италијанската Серија А. 
 
Бреша која е се наоѓа во опасната зона и ќе води тешка битка за опстанок поведе во 18.минута со голот на Марио Балотели. 
 
Во продолжени на сцена стапи Чиро Имобиле кој прво од пенал во 42.минута го израмни резултатот, а вториот гол го постигна во судиското дополнение на второто полувреме односно 91-та минута. 
 
Со оваа победа, Лацио останува во трка за првата позиција односно римскиот тим е на 3.место на табелата со  три бодови помалку од водечките Јувентус и Интер кој имаат идентични 42 бода.