Фудбал
17. February 2020 - 8:36

Лацио го совлада Интер нанесувајќи му го првиот пораз по 16 натпревари

Во последниот натпревар од 24. коло во Серија А, Лацио синоќа на домашен терен го победи Интер со 2:1.

Гостите од Милано први дојдоа во водство преку Ешли Јанг, Чиро Имобиле изедначи од пенал, а победничкиот гол за „лацијалите“ беше дело на Сергеј Милинковиќ-Савиќ.

За тимот предводен од Антонио Конте ова беше прв пораз по 16 натпревари.

Лацио со 56 бода се искачи на второто место на табелата со само еден бод зад лидерот Јувентус. Интер падна на третата позиција со 54 бода.