Фудбал
25. October 2016 - 9:08

Ла лига: Гризман подобар од Меси и Роналдо

На свечена церемонија, во понеделникот во Мадрид, беа прогласени најдобрите фудбалери во изминатат сезона во шпанскиот фудбал, La Liga. Лауреат за минатата сезона е напаѓачот на Атлетико Антоан Гризман.
 
La Liga на свечена церемонија подели награди во девет категории, а најголем дел од нов заминаа на „Винсенте Калдерон“, домот на фудбалерите на Атлетико Мадрид.
 
Лауреат за изминатата сезона е Антоан Гризман, кој ја доби две награди: навивачите го избраа за најпопуларен играч, а францускиот репрезентативец ја доби и најпрестижната награда на церемонијата, онаа за фудбалер на годината.
 
Награди добија и соиграчите на Гризман, Јан Облак за најдобар голман и Диего Годин за најдобар дефанзивец. Награда освои и Диего Симеоне од Атлетико за тренер на годината.
 
Најдобар играч од средниот ред е Лука Модриќ, неговиот соиграч Марко Асенсио кој минатата сезона настапуваше во Еспањол ја доби наградата за најдобар млад фудбалер.
 
Две награди освоија фудбалерите на Барселона, Лео Меси е најдобар напаѓач, а Луис Суарез најдобар странски фудбалер во La Liga.