Фудбал
24. јуни 2022 - 10:19

Ла Лига го објави календарот за новата сезона, Ел класико ќе се игра во октомври и март

нската фудбалска федерација на својата официјална веб-страница вчера го објави календарот на натпреварите од Ла Лига за сезоната 2022/23.

Барселона и Реал Мадрид ќе играат меѓу себе на 16 октомври во Мадрид (9. коло) и на 19 март 2023 година во Барселона (26. коло).

Натпреварите од првото коло на шампионатот на Шпанија ќе се одржат на 14 август. Сезоната ќе заврши на 4 јуни 2023 година.

Во првото коло ќе играат:
Атлетик Билбао – Мајорка
Барселона – Рајо Ваљекано
Бетис – Елче
Селта – Еспањол
Кадиз – Реал Сосиедад
Осасуна – Севилја
Алмерија – Реал Мадрид
Хетафе – Атлетико Мадрид
Ваљадолид – Виљареал
Валенсија – Жирона.