Loading Video...
Кошарка
25. јуни 2021 - 9:14

ЛА Клиперси ја намалија предноста на Феникс на 1-2 во финалето на западот

 
 
Екипата на ЛА Клиперс ја искористи предноста на домашниот терен и во победи Феникс со 106-92 во третиот натпревар од финалето од Западната конференција на НБА лигата. со што „Клипериси“ ја намалија предноста на противикот на 2-1 во меѓусебните дуели. 
 
Пол Џорџ со 27 поени, 15 скока, 8 асистенции беше предводник на „Киперси“ до оваа победа во која свој придонес имаа  Реџи Џексон со 23 и 3 асистенции, како и Хрватот, Ивица Зубац кој оствари дабл-дабл учинок со 15 поени и 16 скока.
 
И следниот, четврти натпревар, меѓу овие екипи, кој е закажан за недела  наутро во 3 часот, ќе се игра во Лос Анџелес.
 
Вечерва на програмата е вториот меч од финалето на истокот, во кој Милвоки повторно е домаќин на Атланта тим кој пред два дена славеше победа во првиот дуел за водство од 1-0 во серијата подобар до четири.