Loading Video...
Спорт плус
27. September 2020 - 16:33

Квартараро победи на трката Барселона

Фабио Квартараро е победник на деветтата трката во Мото ГП шампионатот, што се возеше денеска крај Барселона, а за Големата награда на Каталонија. 
 
Французинот кој е члена на тимот на Петронас Јамаха, зад себе Џоан Мир и Алекс Ринс од тимот на Сузуки, остварувајќи ја трета победа сезонава. 
 
Французинот е лидер во Генералниот поредок со 108 бодови, а зад него се Шпанците, Мир и Виљалес со 100 односно 90 бодови, додека Италијанците, Довициозос и Морбидели досега собраа 84, односно 77 бода. 
 
Следната трка ќе се вози на 9 октомври на патеката Ле Ман за Големата награда на Франција.