Loading Video...
Спорт плус
2. November 2019 - 13:31

Квартараро го искористи падот на Марке и стигна до пол-позиција во Малезија

Светското првенство во Мото ГП е кон самиот крај. Утре ќе се вози претпоследната трка во шампионатот и тоа за Големата награда на Малезија. 
 
Старо-новиот светски првак во Мото ГП, Марк Маркез во денешните квалификации на патеката Сепанг имаше нов пад.
 
Возачот на Репсол Хонда буквално загуби контрола над својот мотор и речиси го прелета, но за среќа мина без посериозни повреди, па така утрешната трка ќе ја започне од 11-тото стартно место. 
 
Тоа го искористи Фабио Квартараро кој по пети пат сезонава стигна до пол-позицијата, а веднаш зад него ќе биде Шпанецот, Марк Винаљес.