Квалитетот на амбиенталниот воздух ќе се мери и во Гевгелија
Градоначалникот на Гевгелија, Сашо Поцков најави дека градот наскоро ќе добие мерна станица со која во секој момент би се добивале валидни информации за тоа каков воздух дишат гевгеличани.
Мерната станица Гевгелија ќе ја добие во рамки на заеднички проект од прекуграничната соработка со Грција, центарот за климатски промени од Скопје и Министерството за животна средина и просторно планирање, чија цел би била вршење мониторинг на квалитетот на амбиенталниот воздух во Гевгелија.
-До овој момент владее мислењето дека Гевгелија е еколошки чист град и дека гевгеличани дишат квалитетен воздух, но едно е она што мислиме ние, а друго е тоа што ќе го покажат параметрите за аерозагадувањето добиени од оваа мерна станица, рече Поцков.
Претпоставката дека причини за аерозагадувањето во градовите од топ листата се начинот на затоплување на домакинствата од кои најголем број користат дрва, како и големиот број возила во сообраќајот, може и во Гевгелија да бидат пресудни при добивањето на информациите од мерната станица затоа што повеќето од жителите на таа општина се затоплуваат со дрва, а низ градот секојдневно се движат многу наши и возила од соседна Грција.
Ново на Сител
-
Игор Јуриќ: Да бидеме подготвени на најлошото, но да не се предаваме - верувам во чудо
-
Почина уште едно повредено лице во терористички напад во Москва
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто