Фудбал
14. October 2015 - 10:46

Квалификации за СП: Победа за Бразил, бод за Аргентина

Репрезентацијата на Аргентина и натаму е без победа во квалификациите за следното СП во Русија. „Гаучосите“ кои настапија без Меси и Агверо одиграа 0-0 на гостувањето во Парагвај и остануваат на бод по две средби. 

Бразил ја забележа првата победа и тоа против Венецуела од 3-1. (Вилијан 2, Оливеира-Сантос)
Во следното коло на програмата е токму дуелот Аргентина-Бразил.