Фудбал
14. November 2016 - 8:47

Квалификации за СП: Белгија ја декласира Естонија

Фудбалската репрезентација на Белгија синоќа ја оствари највисоката победа во натпреварите од 4.коло од квалификациите за Светското првенство 2018 година. На домашен терен Белгија ја победи Естонија со 8:1.
 
Максимален учинок по 4.коло имаат само три репрезентации: Белгија, Германија и Швајцарија.
 
Резултати од 4.коло на синоќа одиграните натпревари:
 
А група: Бугарија - Белорусија 1:0 и Луксембург – Холандија 1:3.
Табела: Франција 10 бодови, Холандија 7, Шведска 7, Бугарија 6, Белорусија 2, Луксембург 1.
 
Б група: Унгарија – Андора 4:0, Швајцарија - Фарски острови 2:0, Португалија – Летонија 4:1.
Табела: Швајцарија 12, Португалија 9, Унгарија 7, Фарски Острови 4, Летонија 3, Андора 0.
 
Х група: Кипар – Гибралтар 3:1, Белгија - Естонија 8:1 и Грција – БиХ 1:1.
Табела: Белгија 12, Грција 10, БиХ 7, Кипар 3, Естонија 3, Гибралтар 0.
 
Натпреварите од 5.коло од квалификациите ќе се играат во март 2017 година.