-->
-->
Квалификации за ЕП ракомет: И со пораз до 9 гола одиме во Хрватска
-->
Иако се најавуваше дека Македонија е пред ѕид пред вечерашниот квалификациски дуел со Чешка сепак нашата селекција по одигрувањето на средбите во останатите групи може веќе да го слави пласманот на следното ЕП бидејќи може да патува и како третопласирана доколку не загуби со повеќе од 9 гола разлика од Чесите.
Според правилото, рангирањето на третопласираните репрезентации се врши според освоените бодови во сопствената група, но не сметајќи ги резултатите со четвртопласираните селекции. Македонија веќе има најмалку два, а најмногу три поени во таа пресметка, во зависност, дали Украина или Исланд ќе заврши четврти во нашата група.
Ако Украина не загуби на Исланд, таа ќе биде втора и ние ќе имаме три бода на табелата со третопласирани репрезентации.
Ако Исланд ја совлада Украина, тој ќе биде втор и ние ќе имаме два бода на табелата со третопласирани и гол-разлика -3, не сметајќи го вечерашниот (условен) пораз од Чешка.
Од останатите третопласирани само уште три репрезентации имаат по два бода, Русија, Полска/Романија и Литванија, но сите со драстично полоша гол-разлика од Македонија. Најблиску е Русија со -12, но со помала ефикасност од нашата репрезентација, така што заклучуваме дека Македонија може да загуби и со 9 разлика од Чешка и пак да се пласира на ЕП!
ТАБЕЛА НА ТРЕТИ МЕСТА
1. МАКЕДОНИЈА 2 (-3) (МКД има постигнато повеќе голови од Русија)
2. РУСИЈА 2 (-12)
3. РОМАНИЈА 2 (-13)
4. ЛИТВАНИЈА 2 (-25)
5. ПОРТУГАЛИЈА 1
6. БИХ 0
7. ХОЛАНДИЈА 0 *
*Холандија може да има и два бода ако денеска ја победи Унгарија, но треба како гостин да ја победи со 11 разлика за да биде пред Русија
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Десет загинати во воздушен судар и уривање на два воени хеликоптери во Малезија | ВИДЕО
-
Северна Кореја извршила симулација на нуклеарен контранапад
-
Стапува во сила првиот билатерален Договор за стратешко партнерство меѓу ЕУ и Јапонија
-
Сообраќајот по влажни коловози, застои нема
-
Облачно со повремен пороен дожд и грмежи
-
Тошковски: Нова полициска станица во Кисела вода, за поефикасна полиција, побезбедни граѓани
-
Коалиција „Вреди“: Наши членови незаконски се задржани во полициска станица во Тетово
-
Лични документи можат да се подигнат и во среда