Спорт плус
31. October 2015 - 17:49

Квалификации за ЕП 2017: Одбојкарите ги добија противниците

Нашите најдобри одбојкари добија прилично израмнета група за следниот квалификациски циклус за ЕП 2017 во Полска. 
Македонија е во група со селекциите на  Чешка, Естонија и Романија.
 
Дел од репрезентациите беа наши противници во претходните неколку години.  Против Естонија одбојкарите играа во ланското издание на Европската лига, додека со Чешка се соочија во квалификациите за ЕП 2009 и 2013. Романија, пак, е селекција која доаѓа од последниот шешир.
 
Квалификациите започнуваат со претквалификациските турнири во мај, 2016 година, додека главната квалификациска фаза се игра во септември.