Македонија
29. April 2021 - 13:16

Кузеска: ВМРО-ДПМНЕ брани криминал, брани насилници, шири лажни вести и блокира важни процеси

Целата јавност вчера беше згрозена од аудио снимка со скандалозна содржина, каде се слушаат два гласа за кои се тврди дека се дел од осудените за 27 април, од кои еден од нив упатува закани за ликвидација на претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев како и на луѓе кои го поддржуваат.

Ваквата снимка доаѓа само неколку дена по протестите поддржани од ВМРО ДПМНЕ, каде се бараше осудените за 27 април, да бидат ослободени.

За случајот 27 април се води судски процес и против организаторите, а според информациите споделени од министерот за внатрешни работи постоел и план во ВМРО-ДПМНЕ наречен „Дивиот ангел“ по кој требало да се реализира насилтвото во Собранието.

На протестот со иста сценографија како оној на 27 април во 2017 година , со истиот хушкачки наратив кој поттикнува омраза и поделби, Христијан Мицкоски ги нарече осудените за крвавиот четврток, уставобранители.

Ете зад какви ликови, зад какви насилници застанаа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ бараат слобода за овие луѓе, осудени насилници кои се закануваат дека ќе го повторат насилството, кои се закануваат со убиства.

Тие кои посегнаа по животите на пратеници, новинари, луѓе од собраниските служби, кои претепаа пратеник кој заврши и во кома,тие Мицкоски ги нарекува уставобранители.

Насилници не се и никогаш нема да бидат уставобранители.

За сите овие години предводена од Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ се докажа како партија која брани криминал, брани насилници, шири лажни вести и блокира важни процеси.

Тоа е алтернативата што Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ им ја нудат на граѓаните.

Додека СДСМ работи на демократизација на општеството, на интеграција и економски раст и развој, ВМРО-ДПМНЕ е на браникот на криминалот и работи спротивно на интересите на граѓаните и државата.

Додека СДСМ исполнува стратешки цели како членството во НАТО и забрзана интеграција во ЕУ, ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ја врати државата во времето на меѓународна изолација и внатрешни поделби.

Разликата е евидентна и суштинска.

Граѓаните тоа го препознаваат и токму затоа ВМРО-ДПМНЕ  и Мицкоски шест пати се казнувани од народот и ќе бидат казнувани и натаму, затоа што освен деструктивност ништо друго не нудат.

Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ