Џет-Сет
18. August 2015 - 10:09

Куса затворска казна за Емил Хирш

Глумецот Емил Хирш ќе отслужи 15-дневна зтаворска казна откако вчера ја призна вината за напад врз продуцентка за време на Санденс фестивалот, кон почетокот на годината.

Хирш (30), ѕвезда на филмот „Во дивината“ ја фатил јаката на Даниел Бернфилд во ноќниот клуб Тао. Според судските документи, Хирш бил пијан кога и пришол на продуцентката на Парамоунт студиото, ја зграбил за врат, ја повлекол од столицата, ја турнал на подот, легнал врз неа и почнал да и го стиска вратот.

Хирш и се извини на Бернфилд, а надоместот за нападот подоцна ќе биде одреден. Глумецот е префрлен во окружниот затвор во самит, каде ќе ја отслужи својата казна. Исто така мора да плати 4750 долари казна и да одработи 50 часа општествено-корисна работа. исто така, глумецот не смее да конзумира алкохол или наркотици, а во спротивно ќе мора да отслужи затворска казна во траење од една година.