Балкан
6. July 2017 - 10:56

Куртулмуш: Турција не и објавува војна во Сирија, но е подготвена да одговори

Турските воени акции во северозападна Сирија се легитимни мерки против заканата од курдските сили во регионот на Африн и Турција ќе одговору на секој непријателски чекор, изјави турскиот вицепремиер Нуман Куртулмуш.

Неговата изјава уследи откако лидерот на милитантната група на сириските Курди, Сили за заштита на народот наведе дека распоредувањето на турска војска во близина на реоните што се под контрола на Курдите значи објавување на војна.

- Тоа не е објавување на војна. Ние се подготвуваме за потенцијалните закани. Тоа е легитимна мерка, за да можеме да ја заштитиме нашата независност. Ние не можеме да молчиме пред оние кои истрелуваат ракети од Африн, посочи Куртулмуш.

Турските војници, кои од август минатата година се распоредени во северна Сирија, неколку пати во изминатите недели се судрија со припадниците на Силите за заштита на народот во близина на Африн.

Силите за заштита на народот имаат клучна улога во офанзивата врз Рака. Тие ја контролираат територијата Африн, на околу 200 километри западно од Рака.