Loading Video...
Балкан
3. February 2020 - 16:47

Курти најавува тужба за геноцид против Србија и задолжителен воен рок

Мандатарот за состав на новата влада на Косово Албин Курти, во рамките на излагањето на програмата на идната влада на Косово, најави дека ќе поднесе кривична пријава за геноцид против Србија и формирање институт за воени злосторства и геноцид.

Курти исто така посочи дека ќе вовоеде целосен политички, економски и трговски реципроцитет и дека ќе воведе задолжителен воен рок во траење од три месеци.

Владата на чие чело ќе биде Курти ќе има 15 министерства и двајца вицепремиери. Курти порача дека ќе владее отчетно и транспартно, врз основа на волјата на граѓаните и најави почитување на опозицијата.