Македонија
6. March 2016 - 16:54

Курир: Спасовски ќе оди на суд за непочитување на судски одлуки

Оливер Спасовски заработи кривична пријава за непочитување на судска одлука. Спасовски не е над законот, заради самоволието и игнорирањето на судовите , техничкиот министер се соочува со кривична одговорност. Во врска со незаконските именувања и разрешувања направени исклучиво по партиска линија, Управниот суд донесе времени мерки кои после жалбите на Оливер СПасовски станаа правосилни. Сепак техничкиот министер одлучи да ги игнорира и да не постапува по нив пишува Курир. Станува збор за 29 времени мерки. Беше испратено и укажување од 25.02 2016та до минитесрот за внатрешни при што беше побарано истиот веднаш да постапи по овие правосилни решенија. Од него беше побарано да ја воспостави претходната состојба во МВР каква што беше пред донесувањето на нелегалните решенија што подразбира и примопредавање на работните простории, материјално техничките средства и документацијата. Спасовски не пристапи кон извршување на решенијата ниту постапи по следното укажување што претставува јасно и недвосмислено дејствие на одбивање на извршување на судска постапка донесена од Управниот суд со што предизвикува потешка повреда на правата на оштетените незаконск разрешени раководители во МВР, пишува порталот.

Кривичното дело е дотолку посериозно се вели во текстот, поради фактот што пријавениот постапил спротивно и на член 13 од Законот за судовите, согласно кој судските одлуки се задолжителни за сите правни и физички лица и имаат поголема сила во однос на одлуките на кој и да е друг орган. Согласно овој закон секој е должен да ја почитува правосилната и извршната судска одлука под закана на законски санкции.

Исто така, со ова дејствие пријавениот постапил и спротивно на членот 5 од Законот за управните спорови, согласно кој одлуките на судовите донесени во управните спорови се задолжителни и извршни.  Максимално запретената казна за делото кое му се става на товар на Оливер Спасовски изнесува 10 години затвор.