Курир: Синиот телефон на Телма повторно заѕвони
Телевизија Телма, од вчера и официјално потврди дека нема намера да работи објективно и дека за неа не претставуваат вест проектите што ги реализира Владата на Република Македонија. За отчетноста на Владата, според Телма граѓаните не треба да слушнат, пренесе Курир.
Тоа практично значи дека Телма го смета како неинтересно и неважно зголемувањето на пензиите за 5 проценти годинава, односно 70,3% проценти од 2006 година заклучно со октомври годинава. Телма смета дека за граѓаните е неважно да знаат за зголемување на социјалната помош или отварањето на илјадници нови работни места во индустриските зони.
За Телма е апсурдно граѓаните да ги информира околу проектот со кој се врши отпис на долговите на ранливите категории, односно корисниците на социјална помош и постојана парична помош, невработени лица кои активно бараат работа подолго од 12 месеци и лицата кои се изложени на социјален ризик.
Сето ова за Телма не е вест вредна за објавување, но затоа ударна вест е покривањето на партиски промоции на кои се ветува се и сешто без никаков резултат.
Праксата да се дава приоритет на ветувањата, а да се игнорира остварувањето на тие ветувања, потсетува само на 15 Септември. Граѓаните кажаа што мислат за политиката „ќе вработиме по еден од секое семејство“.
Телма неодамна се посрами и со објавување на невистинита и непроверена вест дека Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер наводно ја повлекол поканата за Премиерот Груевски, а срамот потоа кулминираше со необјавувањето на официјалните деманти.
Црвениот телефон на Телма беше за пред камерите. Зад камерите очигледно функционира телефон во друга боја преку кој се промовира друга политика.
Ново на Сител
-
61% од учениците жртви на психичко насилство, 30% не се чувствуваат безбедно во училиштата
-
Иновативниот пристап препознат кај водичите
-
Експлозија на Косово: Курти ја обвинува Србија, Белград говори за намерна диверзија
-
Преглед на вестите од светот
-
Вооружен грабеж во продавница на Градски стадион - уапсени две лица
-
Мерки притвор
-
Хаос и караници на вонредната седница на советот на Град Скопје
-
Тема на денот со Борче Треновски