Македонија
4. May 2016 - 16:25

Курир: Лицемерие на СДСМ, наутро се поклонуваат, навечер ги фарбаат спомениците

Активистите на СДСМ и СОРОС секојдневно уништуваат споменици на македонски дејци, а раковотството на партијата на истите споменици положува цвеќе.

Партиска делегација на СДСМ по повод 113 години од смртта на револуционерот Гоце Делчев оддаде признание на великанот на македонската борба за слобода, самостојност и државност.

Порталот “Курир“ коментира дека ваквиот потег на функционерите на СДСМ е за поздравување, но не може а да не се забележи лицемерието на опозиционерите затоа што наутро положуваат цвеќе на споменици а навечер нивните активисти со боја вандалски ги уништуваат.

Изминативе денови демонстрантите на СДСМ и СОРОС уништија низа спомен-обележја на македонските револцуионери, меѓу кои споменикот на АСНОМ, релјефите на Порта Македонија, релјефите на Сирма Војвода, Дедо Иљо Малешевски и Димитар Поп-Георгиев Беровски со четите, заклетвата на ВМРО, Питу Гули со четата, Васил Чакаларов, Пандо Кљашев со соборците, Партенија Зографски, Григор Прличев и низа други.

Покрај спомениците настрадаа и неколку згради на државни институции.