Курдите тврдат дека го убиле и главниот помошник на ал-Багдади
Курдската милиција во Сирија „Единици за народна заштита“ денеска соопшти дека во заедничка акција на американските и нивните сили на северот на Сирија бил убиен и портпаролот на лидерот на Исламска држава, Абу ал-Хасан ал Мухаџир.
Ал-Мухаџир, наведуваат Курдите, му бил десна рака на лидерот на Исламска држава Абу Бакр ал-Багдади, пренесуваат британските медиуми.
Тој бил откриен во близина на пограничното место Џараблус и тоа врз основа на разузнавачки податоци на Сириските демократски сили и американската војска.
Станува збор за продолжување на претходната операција во која во саботата беше убиен лидерот на екстремистичката Ислмаска држава, Абу Бакр ал-Багдади.
Веста за убиството на водачот на Исламска држава вчера на прес-конференција ја соопшти американскиот претседател Доналд Трамп. Тој истакна дека претходната ноќ САД донеле „правда за најголемиот терористички лидер во светот“.
Трамп рече дека лидерот на Исламска држава умрел „викајќи, плачејќи и врескајќи“ откако влегол во тунел од кој немало излез.
Стигна до крајот на тунелот, нашите кучиња го дотераа до таму. Го активираше елекот, убивајќи ги и своите три деца. Телото му е осакатено од експлозијата. Тунелот исто така се урна врз него. Но идентитетот е потврден. Тоа беше тој. Разбојникот кој толку се трудеше да ги заплаши другите, последните моменти ги помина во екстремен страв, во целосна паника и страв, обиколен од американските сили кои го нападнаа – рече Трамп.
Тој им се заблагодари за поддршката на Русија, Турција, Сирија и Ирак и сириските Курди, но руското министерство за одбрана негираше каква било соработка со американското водухопловство и истакнува дека убиството на Ал-Багдади нема многу да влијае на ситуацијата во Сирија.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски очекува од Советот на јавни обвинители при одлучување за Коцевски да го слушнат гласот на граѓаните
-
Мицкоски очекува од Советот на јавни обвинители при одлучувањето за Коцевски да го слушнат гласот на граѓаните
-
Тема на денот со Методи Хаџи Јанев, воено политички експерт
-
Мицкоски: Ние сме усогласени со надворешната политика на ЕУ
-
Владата го усвои предлогот за разрешување на обвинителот Коцевски
-
Влада ги отфрли доказите на СДСМ за работењето на Меџити - немало злоупотреба на положбата
-
Европратеник Вајц: И покрај Украина, проширувањето е висок приротитет на ЕУ