Курц во одбрана на одлуката на Австрија да не ја покани Грција на конференцијата во Виена
Австрискиот министер за надворешни работи Себатијан Курц ја оправда одлуката на Австрија да не ја покани Грција на конференцијата на земјите од Западен Балкан, посветена на мигрантската криза.
Курц посочи дека Грција јасно покажала дека не пројавува интерес кон намалувањето на прилиот на мигранти и дека дури сака да продолжи да ги пропушта да преминуваат кон Македонија, од каде тие продолжуваат кон север.
Австрија воведе ограничување на бројот на бегалците, на кои им дозволува да влезат на нејзина територија.
Курц ова го изјави пред денешната средба на министрите за надворешни работи на земјите од Западен Балкан во Виена, чија цел е да се пронајдат заеднички решенија за стопирање на приливот на бегалци.
Австриското Министерство за надворешни работи соопшти дека конференцијата е организирана во „редовен формат“, кој не ја вклучува Атина.
Ново на Сител
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците
-
Три млади лица загинаа во тешка сообраќајка во Кичево
-
Велигденска честитка на Н.В.П. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх
-
Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров
-
Ѓоковиќ се уште не избрал нов тренер