Курц: Веќе нема да се потпираме на ЕУ за вакцините
Австрија и Данска во иднина повеќе нема да се потпираат на ЕУ и ќе работат заедно со Израел на вакцина против коронавирусот, изјави денеска австрискиот канцелар Себастијан Курц.
Пред да замине за Израел, Курц објави промена на курсот во стратегијата за борба против вирусот.
„Во иднина веќе нема да се потпираме на ЕУ и заедно со Израел ќе произведуваме вакцини од втора генерација против понатамошни варијанти на вирусот во следните години, и заеднички ќе ги истражуваме можностите за лекување“, нагласи тој.
Во писмената изјава за агенцијата АПА, Курц истакна дека само на Австрија и се потребни 30 милиони дози вакцини.
Во пресрет на посетата на Израел, Курц денеска ќе оствари средба со претставници на водечките австриски фармацевтски компании.
Тој посочи дека пристапот преку ЕУ во основа бил правилен, но дека Европската агенција за лекови (ЕМА) е премногу бавна во одобрувањето на вакцините и дека доаѓа до проблеми со испораката.
„Ние мора да се подготвиме за понатамошни мутации и повеќе не треба да зависиме само од ЕУ во производството на вакцини од втора генерација“, нагласи Курц.
Експертите веруваат дека во наредните години две третини од населението ќе треба да се вакцинира еднаш годишно.
Курц патува во Израел заедно со неговиот дански колега Мет Фредериксен, а израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху најави дека ќе разговара со нив за соработка во производството на вакцини.
Ново на Сител
-
Вооружен грабеж во продавница на Градски стадион - уапсени две лица
-
Мерки притвор
-
Хаос и караници на вонредната седница на советот на Град Скопје
-
Тема на денот со Борче Треновски
-
Коцевски му одговори на премиерот
-
Отпочна со работа Флекс Брокер, третата компанија во Флекс Групацијата
-
Кредит за фирмите
-
Пренатрупаност во затворите