Курц: Се надевам на напредок во разговорите Белград-Приштина во следните месеци
Австрискиот канцелар Себастијан Курц изјави дека ангажманот на САД во процесот на дијалог меѓу Белград и Приштина е позитивен, како начин да се реши конфликтот што двате страни ги држи како заложници толку долго.
– Сепак, тоа целосно зависи од двете страни во дијалогот. Се надевам дека ќе има напредок во наредните месеци, рече Курц во интервју за приштински „Телеграф“.
Курц го пофали претставникот на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, велејќи дека тој е извонреден дипломат, кој има поддршка од Австрија.
– Како што можете да видите, сите се согласуваме. Специјалниот претставник на ЕУ Лајчак ужива наша целосна поддршка. Го познавам уште од времето кога беше министер за надворешни работи. Лајчак е дипломат со исклучително искуство, рече Курц.
На прашањето за предлогот, кој вклучува промена на границите, австрискиот канцелар оцени дека она за што се согласуваат двете страни, не треба да се спречува.
– Нашиот пристап отсекогаш бил прагматичен. Ако двете страни се согласат, не можеме да бидеме ние тие кои ќе ги спречат да седнат на маса и да покренат какви било прашања што сметаат дека се важни. Мора да сториме сé што е можно за да олесниме сеопфатен договор меѓу Белград и Приштина, што би имало позитивно влијание врз регионот како целина, рече Курц.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица