Фудбал
9. January 2020 - 10:45

КУП: Реал прв финалист

Реал Мадрид е првиот финалист на шпанскиот Суперкуп, кој оваа година се оддржува во формат на мини-турнир во Саудиска Арабија, откако со 3:1 ги совладаа Валенсија во доминантен меч во кој целиот свој фудбалски талент го покажаа Тони Крос и Лука Модриќ.
 
„Кралскиот клуб“, сега, ќе го чека подобриот од утрешниот дуел помеѓу Барселона и Атлетико Мадрид за борба за трофејот.
 
Тони Крос во 15. минута ги изненади сите во противничкиот тим, откако додека тие се подготвуваа за одбрана од неговиот корнер, тој ја смести топката во нивната мрежа со директен удар, во еден од најинтересните голови во неговата кариера. Тимот на Зинедин Зидан доминираше во играта, и во 39. минута стигна до 2:0 предност, кога Иско искористи уште една лоша реакција на целата одбрана на „лилјаците“.
 
Во 65. минута, сите дилеми беа ставени на страна, кога Лука Модриќ покажа дека не ја доби минатогодишната „Златна топка“ без причина, постигнувајќи фантастичен гол по асистенција на неговиот „имењак“ Лука Јовиќ, кој доби шанса во нападот во отсуство на Бејл и Бензема. Дани Парехо во 92. минута со гол од пенал го постави конечниот резултат.