Фудбал
4. April 2021 - 9:47

КУП: Баскиското финале за Сосиедад

Фудбалерите на Реал Сосиедад го освоија Купот на Кралот за сезоната 2019/2020. Ова финале лани беше одложено поради пандемијата на коронавирусот. Екипата од Сан Себастијан го освои третиот трофеј во Купот во клупската историја, претходно Реал Сосиедад ова натпреварување го освојувале во 1909 и 1987 година.
 
Реал Сосиедад, во финалето, одиграно на „Ел Картуха“ во Севилја, го победи Атлетик Билбао со 1:0.
 
Баскиското финале не ги исполни очекувањата. Двата тима влегоа со голема доза на претпазливост, со намера најпрвин да го сочуваат својот гол, а дури потоа да нападнат кон голот на противникот.
 
Клучниот момент на натпреварот се случи во 63.минута кога Мартинез направи пенал по стартот врз Порту. Играчот на Атлетик, доби и црвен картон, но прегледувањето на снимката, судијата го потврди пеналот, а ја поништи одлуката за црвениот картон.