Македонија
15. јуни 2020 - 15:53

Кумановец се обидел да силува деветгодишно девојче

31-годишен кумановец е осомничен дека се обидел да силува малолетно девојче во зграда.

Според информациите на МВР, полицијата поднесе кривична пријава против Ф.А. (31) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело полов напад врз дете кое не наполнило 14 години.

На 08 јуни околу 21 часот, додека бил пред станбена зграда во Куманово каде живее, го забележал девојчето на возраст од девет години и во влезот од зградата се обидел да изврши полово дејствие, но не успеал.