Кумановци продолжуваат да донираат за настраданото население во скопско
Кумановци и денеска на двата пункта поставени во централното градско подрачје продолжуваат да донираат храна, вода, средства за дезинфекција, бебешка храна и хигиенски продукти за настраданото население во скопскиот регион.
- Нема прекин во донациите, продолжуваме и наредните денови, изјави секретарот на кумановскиот Црвен Крст, Бојан Петрушевски.
Од Иницијативниот одбор за поддршка на населението информираат дека собрани се околу 400 пакети со храна и 250 пакети со вода кои утре ќе им бидат однесени на граѓаните во поплавените подрачја.
- Формиравме и екипа која на терен ќе помогне во расчистувањето. Веќе имаме доброволци кои помагаат во расчистување на теренот, изјави Александар Крстевски од иницијативниот одбор.
Во меѓувреме и хуманитарно здружение „Крепост“ организира дводневна акција во соработка со ТЦ „Сума“ Куманово, во рамки на која може да се донира храна, хигиенски продукти, вода... Можат да се донираат и средства со кои од Здружението ќе подготват пакети со храна, а ќе продаваат и маици со лого на „Крепост“ по цена од 200 денари.
Во Куманово денеска се одржа комеморација за Жаклина Божиновска, којa загина во невремето кај скопската обиколница. Членови на семејството, роднини, претставници на локалната власт, колеги и граѓани, денеска се простија од Божиновска.
Божиновска е родена на 1 октомври 1973 година во Куманово, каде што го завршила своето образование. Работела во ЈП „Чистота и зеленило“. Погребот ќе се изврши денеска во 15 часот на градските гробишта.
Ново на Сител
-
Полициски службеник физички нападнат од едно лице на Средно Водно
-
Сообраќајна несреќа во Тетово, почина 68-годишен велосипедист
-
32-годишен маж физички нападнат од својата сопруга, го турнала и нивниот малолетен син
-
САД го отфрлија договорот на СЗО за пандемии
-
Акциска контрола на угостителски објекти, приведен 29-годишник, пронајдена е дрога
-
Претставничкиот дом на САД одобри продолжување на воената помош за Украина
-
Полицискиот хеликоптер исфрли повеќе од 35 тони вода врз пожарот во струмичко
-
На „Табановце“ се чека околу 30 минути