Кумановци 20 дена без превоз
Кумановци сѐ уште се без превоз, бидејќи е донесена нова одлука и наместо на група превознци како порано, сега линиите се доделуваат поединечно, соопштија денеска надлежните од општината пред советниците и јавноста на Куманово. Раководителката на секторот за комунални дејности Лидија Ланг Спасовска, денеска на четвртата седница на советот информираше дека се чека да заврши жалбената постапка за шест дена и ќе може да почне да функционира превозот за 19 од вкупно 26 линии.
Таа потсети дека на 14 декември лани, градоначалникот формирал Комисија за спроведување на постапка и наредниот ден бил објавен оглас кој траел до 29 декември. На огласот за 26-те линии имало пријави за 21 линија.
– Деветнаесет ги исполнија условите и беа прифатени и истите по завршување на рокот за поднесување жалби на 26 јануари, ако нема жалбена постапка, ќе може да почнат да го одвиваат јавниот градски превоз. Комисијата при водење на постапка и одлучување се водеше од фактите од одлуката, со цел граѓаните да добијат посовремен, поеколошки и пофрекфентен јавен превоз. Така што граѓаните од сега ќе се возат со еколошки возила со минимум еко четири стандард автобуси со утврден возен ред кој ќе биде јавно објавен на стојалиштата, појасни Ланг Спасовска.
За пет линии никој не аплицирал, бидејќи нема доволен број патници, за две, подносителите немале целосна комплетна документација. Раководителката најави дека за осум дена ќе има нов оглас за овие линии и ако никој не се јави, повторно ќе се распишат јавни огласи.
Кумановци веќе 20 дена се без превоз и постојано реагираат дека веќе немаат средства за плаќање за такси превоз. Регаираат и сопственици на микро, мали и средни претпријатија кои поради недостиг на превоз мораат самите да го организираат превозот за работниците.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација