Култниот дрес на Марадона не е на продажба
Поранешниот англиски репрезентативец Стив Хоџ изјави дека минатата недела одбил десетици потенцијални купувачи на дресот кој покојниот Диего Марадона го носеше на четвртфиналниот меч меѓу Аргентина и Англија (2-1) на Мундијалот во 1986, инсистирајќи, притоа, дека дресот не е на продажба.
Хоџ, по завршувањето на тој натпревар, на кој Марадона постигна два гола, првиот со рака, а вториот по фантастичен соло продор, ги размени дресот со легендарниот Аргентинец.
Иако култниот дрес денес е изложен во Англискиот национален музеј за фудбал, тој е сопственост на 58-годишниот Хоџ.
– Тој дрес го поседувам веќе 34 години, и никогаш не сум се обидел да го продадам. Има неверојатна, сентиментална вредност. Луѓето постојано ми тропаат на врата, а телефонот непрестајно ми ѕвони, и тоа воопшто не е пријатна состојба. Дури се појави и лажна вест дека барам еден или дури два милиони за да го продадам дресот. Тоа го сметам за крајно навредливо и апсолутно погрешно. Тој дрес не е на продажба, изјави Хоџ.
Ново на Сител
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците
-
Три млади лица загинаа во тешка сообраќајка во Кичево
-
Велигденска честитка на Н.В.П. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх
-
Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров
-
Ѓоковиќ се уште не избрал нов тренер