Живот
1. April 2016 - 9:45

Куќа на стравот: Поради страотната семејна трагедија никој не ја купува

Во Лос Анџелес, Калифорнија се наоѓа една шпанска вила која е напуштена од 1959 година. Причина? Претходните казди биле жртви на ужасно убиство и самоубситво.

Сега оваа куќа која ја викаат „Лос Фелиз куќата на убиствата“ е на продажба.

Лоз Фелиз куќата е изградена во 1925 година.

Некаде на почетокот од 50-тите години, семејството Перелсон се вселило во оваа куќа. Се одело како што треба се до ноќта на 6 декември 1959 година.

Главата на семејството, докторот Харолд Перелсон, зел чекан од полицата за алат таа ноќ Ја удрил по глава жената додека спиела, убивајќи ја на самото место.

Потоа влегол во собата на својата 18-годишна ќерка и се обидел истото да и го направи и нејзе, но промашил. Од врескањето се разбудила и Џудај и таа почнала да бега.

Таа влегла во собата на родителите и ја пронашла мртвата мајка. Уште еднаш го избегнала разулавениот татко и истрчала вршитејќи од куќата.

Врисоците и трчањето ги разбудиле нивниот брат и сестра од 11 и 13 години. Нивниот татко ним и рекол дека имале ноќен кошмар и ги вратил во кревет!

Врескањето на Џудај го разбудило соседот Маршал Рос. Рос дошол во куќата да види што се случува. Влегол точно во моментот кгоа докторот Перелсон зел полна рака апчиња, а додека дошла полицијата веќе бил мртов.

По ужасното убиство, куќата имала неколку сопственици, но никој не се осмелил да се всели внатре. Последниот газда умрел без наследник, поради што куќата пак се најде на пазарот.

Во огласот стои: „Куќата има 4 спални соби, 3 бањи, голема кујна, трпезарија, библиотека, сала за танц и бар. Куќата еднсотавно чека специјално лица кое бара совршена можност за реставрација и развој“.

Единствен проблем е цената - 2,75 милиони долари!