Македонија
4. August 2019 - 9:58

Куќа и плевна изгореа во две тетовски села

Два објекта, една куќа и една плевна, изгореа во пожари во Шипковица и Горни Челопек. Повредени нема, причинета е само материјална штета.

Како што информира командантот на тетовската противпожарна единица Ука Алити, едниот пожар избувнал вчера, а другиот рано утринава.

- За пожарот во Шипковица е пријавено околу 15 часот. На интервенција заминаа пет пожарникари со две возила. Во куќата живееше петчлено семејство, изјави Алити.

Пожарот во Горни Челопек е пријавен ноќеска во 01:00 часот. Во објектот кој се користел како плевна за чување добиток и сточна храна е интервенирано со пет возила и седум пожарникари.