Македонија
9. October 2018 - 14:06

Куче скитник нападнало двајца скопјани


Двајца скопјани во текот на вчерашниот ден во полициската станица во Гази Баба пријавиле дека биле нападнати и каснати од куче-скитник.

Кучето ги нападнало 64-годишниот Б.М. и 61-годишниот С.Ј. на улицата „Никола Киров-Мајски“, при што 64-годишникот го каснало во пределот на левата надколеница, додека пак С.Ј. во пределот на десната нога.