Куче-робот носи овци на пасиште (видео)
Кучето-робот Спот, на американска компанија за дизајн, инженерство и роботика „Бостон Динамикс“, веројатно е од огромна помош кога станува збор за водење овци на пасиште.
На видео, објавено од софтверската компанија „Рокос“, се прикажува како Спот ја извршува својата работа низ пасиштата на Нов Зеланд.
Роботите, како Спот од „Бостон Динамикс“, ја зголемуваат точноста на проценките на приносот, го ублажуваат стресот при недостиг на работна сила и покажуваат прецизност во земјоделството, наведува „Рокос“.
Видеото го прикажува Спот во различни ситуации: како да се шета низ овоштарник, да се движи на тежок терен, на пример карпести ридови, да премине дрвен мост и на крајот да носи овци на пасиште. Тоа го постигнува со помош на неговите инфрацрвени камери, технологија на мапирање во реално време и напредни сензори.
„Рокос“ истакна дека компанијата има во план да создаде компјутеризиран систем, кој би можел да контролира многу работи од далечина, со цел да им овозможат на роботите да работат независно еден од друг, ослободувајќи време за луѓето кои имааат големи фарми.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализира својата коалиција
-
Еко акција во Прилеп
-
Штипска фирма доби забрана за работа поради загадување
-
Преглед на вести од светот
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите
-
Teма на денот со Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тројца приведени за убиството на матичниот доктор кај поликлиниката Железара – мотивот се уште непознат
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите