Македонија
1. November 2016 - 8:53

Крводарителска акција за Денот на општина Гази Баба

Крводарителска акција под мотото „Изразете ја вашата хуманост и солидарност преку дарување крв за оние на кои им е најпотребна“ денеска ќе се одржи во општина Гази Баба.

Акцијата, што се реализира по повод Денот на општината, ќе се спроведе во просториите на урбаните заедници „Маџари“ и „Автокоманда“.