Македонија
20. March 2016 - 17:56

Крводарителска акција во Крива Паланка

На денешната традиционална крводарителска акција што се одржа во дворот на црквата „Свети Теодор Тирон“ во кривопаланечкото село Конопница собрани се 34 единици крв.

Ова е втора акција што се одржува месецов, а се реализираше во соработка со Институтот за трансфузиона медицина од Скопје. Таа е дел од редовната годишна програма на Општинската огранизација на Црвениот крст во Крива Паланка.

- Покрај жителите на Крива Паланка и околните населени места, крв даруваа и луѓе од другите градови кои беа дојдени по повод големото црковно-народен собир, информира секретарот на Општинската организација на Црвениот крст Дарко Пешовски.

Досега се спроведени пет крводарителска акции за годинава во кои се собрани вкупно 239 крвни единици. За годинава планирани се 23 акции со проектирани 711 единици крв.