Македонија
7. October 2015 - 18:23

Крводарителска акција во Крива Паланка

На традиционалната крводарителска акција која се организира по повод денот на ослободување на Крива Паланка - 8 Октомври, што се одржа денеска, собрани се 52 единици крв.
 
- Со денешните собрани единици крв на дваесеттата акција годинава, вкупно досега се собрани 818 крвни единици, а предвидени со Годишниот план за крводарувања на подрачјето на општините Крива Паланка и Ранковце за 2015 беа 711. Планот е веќе натфрлен со 107 единици, информира Дарко Пешовски, секретар на Општинската организација на Црвен крст, Крива Паланка. 
 
Акцијата беше во организација на Општинската органзација на Црвен крст Крива Паланка и Институтот за трансфузиска медицина од Скопје и на неа дарителите имаа можност да добијат бесплатни био-хемиски анализи.
 
Следната крводарителска акција за овој месец е предвидено да се организира во пресрет на 23 октомври, Денот на македонската револуционерна борба.и