Македонија
28. August 2018 - 8:46

Kрводарителска акција во Домот на АРМ

Крводарителска акција по повод празникот Успение на Пресвета Богородица ќе се одржи денеска во Домот на Армијата на Република Македонија. 

Мотото на акцијата е „Биди херој спаси нечиј живот“, а ќе трае до 17 часот.

Крводарителска акција ќе се одржи по шеснаесетти пат, а ја организираат Црвениот крст и Институтот за трансфузиона медицина на Република Македонија.