Македонија
6. August 2019 - 10:29

Крводарителска акција во Делчево

Крводарителска акција ќе се одржи на 8 август во просториите на Општинската организација на Црвениот крст во Делчево.

– Продолжуваме со нашите акции кои овој пат се совпаѓаат со одбележувањето на Св.Пантелејмон кој бил познат како народен лекар и со тоа на некој начин ја нарекуваме празнична крводарителска акција. Акцијата в четврток е осма по ред оваа година и очекуваме да има голем број дарители, вели претседателката на делчевскиот Црвен крст, Билјана Георгиевска.

Посочи дека годишниот план за крводарување е реализиран околу 80 проценти.

– За целосно остварување на тоа што го имаме планирано имаме уште неколку крводарителски акции до крајот на годината со крводарителите од Делчево и Македонска Каменица, што ќе биде доволен период да ја надминеме бројката од 700 крвни единици, која минатата година ја остваривме, додаде Георгиевска.