Крвава тепачка пред гимназијата Јосип Броз Тито, кој кого тепал, полицијата во дилема
Вчера околу 14,00 часот од страна на полициски службеници на ПС Центар констатирано е нарушување на јавен ред и мир од страна на две лица А.Х. (17) и К.А. (18) кои што во Средното училиште “Јосип Броз Тито“ по претходна вербална расправа се степале разменувајќи си по неколку удари во пределот на главата и телото, со што се здобиле со телесни повреди во вид на модринки и црвенило.
Од страна на полициски службеници сочинети се два записника за констатиран прекршок по член 11 од ЗПП ЈР. Во врска со истиот настан примени се и две дополнителни пријави.
Првата од страна на К.А. (18) кој пријавил дека околу 13,30 часот физички бил нападнат од Б.Х. (49) (родител на А.Х.), кој откако видел дека неговиот син А.Х. физички се пресметува, почнал со тупанци да го удира К.А. нанесувајќи му повреди по главата.
Втората пријава е од Е.И. (38) која пријавила дека нејзиниот син К.И. (17) кој се обидел да ги раздвои А.Х. и К.А. физички бил нападнат од Б.Х. (49) со неколку удари по главата. Се работи на расчистување и на овие пријави.
Ново на Сител
-
Излезноста до 9 часот изнесува 3,85 отсто
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори
-
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани