Крвав пир во судница во Ниш: Старец (75) избоде во врат 17-годишна девојка, објавени први фотографии од нападот
Благоје С. (75) денеска околу 12 часот ја избодел 17-годишната А.М. во една од судниците во текот на рочиште во Основниот суд во Ниш.
Мажот Благоје С. (75) со нож ја нападнал девојката и ја забодел во вратот, а двајцата биле странки во постапка што се води во нишкиот суд.
Мажот откако ја избодел неа, наводно испил солна киселина, но е совладан и сместен во инвалидска количка пред судницата, каде лекарите му пружиле прва помош. Потоа и тој е префрлен во Ургентниот центар.
Како што дознава српски Курир, девојката е пренесена во нишкиот Клинички центар и не е во животна опасност.
Според неофицијалните информации, не се знае дали мажот и девојката се во сродство или не.
Како што за српски Курир изјавуваат сведоци од самото место, дел од зградата на судот е блокиран и никој не знае точно што се случува.
„Се уште сме во шок, имаше многу крв“, изјави една странка која во тој момент се нашла во судот, но не видел што се случило туку само слушнал вресок.
Во нишкиот суд за Курир потврдија дека жена е избодена, и дека еден цел кат е затворен и ништо друго не можат да изјават бидејќи полицискиот увид е во тек.
Извор: Курир.рс
Ново на Сител
-
Кампањата на Бајден продолжува да го користи ТикТок иако тој потпиша нацрт-закон за забрана на апликацијата
-
Повеќе скопски општини без струја
-
ОБСЕ/ОДИХР ќе ги соопшти првичните оценки за изборите
-
30 години Тинекс
-
Силјановска Давкова победи во 60 општини, Пендаровски во 3, Османи во 15, Таравари и Димитриевски во по една
-
Силјановска Давкова и Пендаровски во вториот круг претседателски избори
-
Првични резултати на ДИК
-
Норвешка донира 76 возила на македонската Армијата