-->
-->
Крвав пир на нива: Уби тројца соседи па се самоуби
-->
61-годишниот Ж.Р. во село Ратина кај Краљево уби три лица, а потоа изврши самоубиство. Ранетото лице не е во животна опасност.
Според неофицијалните информации, мотив за злосторството се лоши соседски односи, а во крвавиот пир е рането уште едно лице кое е сместено во болница,
Злосторството се случило околу 15.30 часот на нива во близина на семејните куќи на убиените, кога убиецот од ловечка пушка пукал на три лица.
Неофицијално, Ж.Р. го убил соседот, неговиот братучед, а ранил една жена која набрзо починала во болницата во Краљево.
Потоа Ж.Р. пукал и во четврто лице кое е рането. Мажот потоа отишол на локалните гробишта и таму извршил самоубиство.
Ранетото лице не е во животна опасност.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак
-
Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето
-
СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина
-
Ангелов: Граѓаните ја отпишаа СДСМ, сите заедно да ги отпишеме и ДУИ
-
Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана
-
Грчката фрегата соборила беспилотно летало во Црвеното море во рамките на операцијата „Аспидес“