Свет
1. November 2016 - 14:04

Крв, мртви тела и врисоци на сите страни: Снимка од крвавата забава на Фреди Кругер!

Двајца психопти, од кои едниот бил маскиран во Фреди Кругер, во Сан Антонио упаднале на една забава за Ноќта на вештерките каде убиле две жени и раниле пет лица, а сега на интернет се појави и застрашувачко видео од овој масакар.

Во снимката се гледаат крвави тела како лежат на земја и луѓе кои врескаат и пробуваат да помогнат.

Полицијата во Њуберг, во државата Њујорк, соопшти дека Р.Х. (21) и Т.О. (20) се обвинети за инцидентот.

Осомничените се уапсени четири часа по инцидентот и ќе бидат изведени пред суд.

Погледнете го вознемирувачкото видео: