Крупен добиток повторно прави проблеми на патниот правец Македонска Каменица
Крупен добиток повторно прави проблеми на магистралата А3, во делот на патот од Македонска Каменица кон Кочани. Како што јавуваат возачи, оваа појава особено била изразена во текот на денешниот ден, а домашните животни најзабележителни биле на патниот правец од од селото Калиманци до село Истибања.
– Оваа појава претставува особена опасност во сообраќајот најмногу заради фактот што во најголем дел од случаите стоката често се напасува без присуство на сточар. Не ретко домашните животни остануваат на коловозот и во текот на ноќните часови. Поради намалената видливост при ноќното возење, острите свиоци и засеци во клисурата на река Брегалница и честите камени одрони на патот, алармираме дека ова претставува дополнителна голема опасност кон безбедноста на возачите и патниците, како и можноста за причинување на поголема материјална штета на возилата, велат возачите кои секојдневно ја минуваат оваа релација.
Сопствениците на добитокот чија испаша се врши долж магистралниот пат Каменица – Кочани, како што посочуваат учесниците во сообраќајот, најверојатно се од општина Виница, бидејќи и територијално тој дел му припаѓа на таа општина. Во моментот освен сообраќајната сигнализација која навестува движење на животни на патот, друга алтернатива за препознавање во ноќните часови не постои, па затоа останува апелот за претпазливо возење на оваа делница, особено во текот на ноќно возење.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација