Македонија
11. January 2019 - 16:24

Кривичниот суд го прифати обвинението за ,,Талир‘‘

Кривичен го одобри обвинението за предметот Талир на Специјалното обвинитеслто. екс премиерот Груевски и неговите соработници Миле Јанакиевски, Кирил Божиновски, Илија Димовски и Леко Ристовски ќе одговараат за незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ и нанесена штета од над 4 милиони евра. Судењето ќе стартува по формирање на предметот и избор на судија преку АКМИС системот. 

Дали ќе биде одобрено обвинението и за изградбата на новото партиско седиште на ВМРО-ДПМНЕ, од Кривичниот суд наведуваат дека ќе зависи од решението на судија за оценка на обвинителен акт.

Според опозицијата, ова е уште еден очаен обид на СДСМ за обезбедување пратеник повеќе за промена на Уставот и уставното име и доказ дека власта не сака опозиција и спротивставување на антидржавните политики.

СЈО по директива на власта создава механизми за пазарења, уцени и притисоци врз ВМРО-ДПМНЕ за да ги прифати уставните измени, кои за нас по ниту една цена не се прифатливи. 

Случајот Талир е чиста политичка конструкција, која нема врска со правото, туку со политиката на Заев за уцени и пристисоци, вели генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев.

Претходно обвинението за Талир беше повлечено за Елизабета Чингаровска откако ја призна вината и се спогоди со специјалното обвинителство.