Македонија
8. September 2019 - 11:45

Кривични пријави за наркодилери фатени во Скопје, Гостивар и Струмица

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ф.П.(42) и Ф.П.(51), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 26. минатиот месец на улица „Петре Георгиев“ во Скопје, полициски службеници извршиле претрес во домовите на пријавените, при што пронашле и одзеле хероин и марихуана.
 
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против А.М.(24) од с.Долна Бањица, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 31. минатиот месец на ул.„Никола Тесла“ во Гостивар полициски службеници извршиле претрес на А.М., при што пронашле и одзеле марихуана.
 
СВР Струмица поднесе кривична пријава против К.Џ.(33) и К.А.(25), двајцата од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги,  психотропни супстанци и прекурсори“. На 18. минатиот месец на улица „Ленинова“ во Струмица полициски службеници извршиле преглед на второпријавениот, при што пронашле и одзеле кокаин, а при преглед на Т.Т. од Струмица пронашле и одзеле кокаин, кој претходно го набавил од второпријавениот.
По преземени мерки било утврдено дека истиот ден во Струмица второпријавениот го купил кокаинот од првопријавениот.